Конфедерацијата на слободни синдикати бара да се донесе буџетот

Од:

Конфедерацијата на слободни синдикати бара итно да се надминат сите недоразбирања во Собранието и навреме да се донесе буџетот за наредната година. Недонесувањето на буџетот, смета Синдикатот, би значело воведување на времено финансирање кое дополнително ќе ја отежни економијата и ќе доведе до ненавремена исплата на платите во образованието, здравството, полицијата, Армијата и судството.

– Недонесувањето на буџетот значи дека нема да има и поврат на ДДВ со што фирмите би се соочиле со сериозен проблем на ликвидност и рентабилност. Тоа значи неможност за финансирање на тековните трошоци на фирмите, но и отпуштање на работници, истакна претседателката на КСС Мирјана Андреска на денешната прес-конференција.

Според КСС, предложениот план за кратење на буџетот не е функционален особено во делот кој директно ги засегнува работниците бидејќи овие кратења би довеле до директни и индиректни последици кои би претставувале опасност за самите работници. За КСС не е прифатлив и предлогот на опозицијата за кратење во делот на капиталните инвестиции затоа што се работи за средства кои независно за кои проекти се предвидени треба да обезбедат егзистенција за повеќе илјади работници.

Би можело да ве интересира

Буџет од 300 долари добива македонскиот амбасадор во САД, вели Мицкоски

МФ: Буџетот за 2024 година реализиран согласно планираното, 2025 започнува ликвидно и стабилно

Советниците го изгласа Буџетот на Град Скопје за 2025 година

Изгласан Законот за извршување на Буџетот за 2025

Катерина Ѓуровски

Димитриеска Кочоска: Буџетот за 2025 година обезбедува непречено функционирање на институциите и државата

Битиќи: Предлог-буџетот за 2025 година не одговара на реалноста го премолучува реалниот дефицит

Горан Наумовски