Комората ќе ја повлече иницијативата пред Уставниот суд, ќе се најдат решенија за предизвиците околу недела неработен ден

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски со економскиот тим на средбата со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, членовите на Управниот одбор и најистакнатите стопанственици во државата ја истакна важноста од континуираната соработка, партнерски однос со деловната заедница сè со цел постигнување повисоки стапки на економски раст и решавање на предизвиците од енергетската криза и пандемијата кои се одразуваат на финансискиот капацитет на економијата.

dobivaj vesti na viber

Во духот на конструктивната соработка премиерот Ковачевски и претседателот на Стопанската комора Азески се согласија дека на 18 февруари Комората ќе ја повлече иницијативата пред Уставниот суд во врска со законското решение за недела неработен ден и дека во периодот што претстои ќе се најдат сеопфатни решенија за предизвиците околу спроведувањето на законот.

Премиерот Ковачевски на средбата со деловната заедница истакна дека фокусот на економијата е приоритет и се осврна на досегашната соработка и важноста од инклузивниот процес за донесување на антикризните мерки кои дадоа добри резултати, 60.000 работни места се заштитени во државата кои што инаку без тие мерки би биле загубени, исто така и ликвидноста на компаниите беше задржана.

„Целта на денешната посета практично е продолжување на соработката и затоа состанокот веднаш го правиме во првата недела од изгласувањето на новата Влада и сакам да ве уверам дека ваков тип на средби ќе продолжат без разлика дали тие ќе се случуваат тука или ќе се случуваат во кабинетот на Владата, ние остануваме поддржувач како Влада на приватниот сектор, тоа е курс кој го имаше оваа Влада уште од нејзиното формирање“, рече премиерот Ковачевски во поздравно обраќање пред компаниите членки на комората.

На состанокот премиерот Ковачевски, заедно со владиниот економски тим, вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори, Фатмир Битиќи, министрите за финансии Фатмир Бесими, за економија Крешник Бектеши, како и за труд и социјална политика Јована Тренчевска дискутираа со раководството на Стопанската комора на Северна Македонија за реализацијата на Планот за економски раст, кој се однесува на забрзување на домашните јавни и капитални инвестиции како и на странските стратешки инвестиции.

Во таа насока на работната средба беше посочено дека се работи на Законско заокружување за стимулирање различни форми на вложување во енергетиката, како и за мониторирање на процесите на инвестициите и на ефикасноста на реализацијата, а се зборуваше и за потребата од синхронизирање на процесите на дигитализација во владините институции со цел координирање на процесот.

Претставници на деловната заедница ги поздравија заложбите за се поголеми инвестиции во обновливи извори на енергија, унапредување на системот за транспорт на енергијата, инвестициите во инфраструктурата како и важноста од создавање на предвидлив деловен амбиент. Беше укажано дека е потребно законски да се забрза процесот на инвестициските активности пред сè во енергетиката како клучен проблем на компаниите.

Од бизнисот произлегоа и други предлози како на краток, среден и долг рок да се направат одредени чекори и во насока на надминување на проблемот со енергетската криза.

Би можело да ве интересира

Ковачевски – Столтенберг: Отворени врати за нови членки во НАТО е вредност која треба да се продолжи

А1он

Министерството за економија достави до Собранието предлог во туристичките места сите трговци на мало да можат да работат во недела

А1он

Средба Грковска – Кирс: Податоците кои се однесуваат на трошењето на јавните средства мора да бидат јавни

Ана Ололовска

Укината е одлуката за ограничување на извозот на масло од сончоглед

А1он

Нема продолжување на учебната година

А1он

ВИДЕО: Владина делегација положи цвеќе на партизанските гробишта во Бутел во чест на 9 Мај