Комисијата за транспорт ја усвои Годишната програма на АЕК

Од:

Изградбата на деловната зграда и повеќенаменската кула на Водно се дел од капиталните проекти што Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) планира да ги заврши годинава.

Проектите се предвидени во Годишната програма за работа на Агенцијата што денеска беше усвоена од собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија.

Директорот на АЕК, Роберт Ордановски пред пратениците информира дека со цел да се завршат капиталните проекти, намалени се непродуктивните трошоци.

Деловниот објект на АЕК е планирано да биде завршен до половината на годинава, а со изградбата на повеќенаменската кула се очекува да се среди хаосот на Водно со предавателите на операторите, односно тие ќе бидат сместени на едно место, во оваа зграда. Покрај ова, планирана и е набавка на софистицирана мерна опрема со која ќе се мерат сите параметри на мрежите на операторите.

– Со набавката на оваа софистицирана мерна опрема ќе ги имаме сите показатели на мрежите на операторите, а тие ќе имаа должност да ги почитуваат параметрите што им ги зададовме. Мерењата ќе бидат ставени на нашата веб страница www.komuniciraj.mk и секој корисник ќе може да добие информации за квалитетот на мрежата на операторот, појасни Ордановски.

Тој меѓу другото најави и дека од септември цената во бирањето на број во сопствената мрежа и во мрежата на другите оператори ќе биде иста, односно ќе изнесува 1,2 денари.

Предлог-одлуката за одобрување на годишната програма за работата на Агенцијата за пошти за 2013 година беше повлечена од дневниот ред поради немање мислење од Владата.

Би можело да ве интересира

Анализа на АЕК: Недостиг на пазарна конкуренција во мобилната телефонија, влезот ограничен

Горан Наумовски

Грчка полиција уапси маж кој е осомничен за убиството на навивачот на АЕК

Горан Наумовски

АЕК за транспарентот „Косово е Албанија“: Ќе ги најдеме одговорните

(ВИДЕО) Нова снимка од Грција: Наводно се гледа моментот кога навивач на АЕК е избоден со нож

Мајката и вујкото на убиениот навивач на АЕК им се заблагодарија на играчите што го исфрлија Динамо

(ВИДЕО) Грците објавија нови снимки од последните моменти на убиениот навивач на АЕК