Ќе се гради нов експресен пат од Струмица преку Валандово до автопат на Коридор 10 кај Смоквица

Од:

Во финална фаза е проектот за нов експресниот пат од Струмица-преку Валандово до автопатот на Коридор 10 кај Смоквица. Се очекува проектирањето да биде завршено на почетокот на следниот месец со што ќе се знае конечната цена на чинење и ќе се влезе во фаза за обезбедување финансии за наскоро да се почне со реализација, информира министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната посета на Валандово.

Се работи целосно нова траса што се проектира во четири фази. Според Бочварски, експресниот пат е приоритет за регионот, со оглед на, како што рече, лошата состојба на инфраструктурата во тој дел од државата.

– Тоа ќе го надминеме со изградбата на овој експресен пат, а имаме и други проекти кои се значајни. Важно е да ги добиваме клучните барања од градоначалниците за подобрување на состојбите, истакна Бочварски.

Тој соопшти дека е завршена првата тендерска постапка за проектот од Светска банка во вредност од 70 милиони евра. Со него треба да се подобри инфраструктурата во општините. Интензивни активности се очекуваат напролет.

– Проектот од СБ кој го имаме во Министерството за транспорт и врски веќе влегува во реализација, првата тендерска постапка е завршена и напролет ќе имаме силни градежни активности во општините. Преку овој проект во вредност од 70 милиони евра директно вбризгуваме средства кон општините и за потребите на граѓаните. Им помагаме на општините и за нивните приоритети и убеден сум дека така и ќе продолжиме, изјави Бочварски при посетата на населеното место Чалакли, каде ќе се гради улица преку проектот од Светската банка.

Од пакетот проекти преку Светската Банка, Општина Валандово има три, а работи и на четвртиот. Во тек е тендерска постапка за изградба на улица во Чалакли, кое, како што потенцира градоначалникот Перо Костадинов, е домаќин на меѓународниот фестивал „Пролетни веселби“, кој е дел од културното нематеријално наследство заштитено од УНЕСКО.

Според Костадинов, со реализација на овие проекти се испраќа порака дека треба да се овозможи безбедна и модерна инфраструктура на сите граѓани.

– Почнувајќи со изградба на капитални проекти веќе неколку години наназад покажуваме дека сите заедно треба да се грижиме за сите населени места, меѓу кои и за тие во кои живее население од турска националност. Со години наназад овие населени места не само во Валандово, туку низ целата држава беа заборавени и затоа со ова испраќаме порака дека во 21.ви век никој не смее да биде заборавен и оти сите заедно треба да овозможиме инфраструктурата за секој граѓанин да биде безбедна и модерна, рече градоначалникот Костадинов.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска