Кипраните во февруари подигнале милијарда евра од сметките

Од:

Домаќинствата и компаниите во Кипар минатиот месец подигнале дури милијарда евра од нивните банкарски сметки, покажуваат денес објавените податоци на Европската централна банка (ЕЦБ).

Обемот на приватни депозити во кипарските банки е намален во февруари, на месечно ниво, за 2,1 отсто, на 46,4 милијарди евра, по јануарскиот пад од два отсто, додава ЕЦБ, а пренесува АФП.

Најновите податоци, кои не ги вклучуваат депозитите во сопственост на кипарската влада или меѓубанкарските депозити, се одраз на зголемената загриженост присутна меѓу кипарските штедачи, во време кога преговорите за спасувачки пакет за земјата се се уште во тек.

ЕЦБ секој месец објавува слични податоци за секоја членка на еврозоната, па така депозитите во Грција во февруари се зголемија за речиси два проценти, во Италија за 1,3 проценти, а во Шпанија за 0,1 процент.

Кипарските банки денес се повторно отворени, по 12-дневниот престанок на работата, а чија цел беше да се ограничи прекумерното повлекување на пари од сметките.

Според договорот со меѓународните кредитори, Кипар мора да прибави 5,8 милијарди евра за да добие помош од 10 милијарди евра од Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд.

Депонентите со повеќе од 100.000 евра на сметките во двете најголеми банки, Банката на Кипар и Лаики банката, ќе се соочат со огромни загуби.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар