Кипарските власти воведоа нови банкарски ограничувања за меѓубанкарските операции

Од:

Кипарското Министерство за финансии по консултациите со Централната банка итно воведе измени во указот за контрола на движењето на капитал, драстично ограничувајќи ја можноста за извршување банкарски трансакции во земјата.

На сајтот на Министерството денеска беше објавена новата верзија на указот, кој веќе седум пати е изменет, според која без одобрение на Централната банка можат да се извршуваат само плаќања во износ до 300 илјади евра, но не и трансфери.

Оваа измена е воведена поради вчерашната треска во кипарските банки, кога луѓето масовно се обидоа да префрлат пари од нивните сметки во Банката на Кипар во други кредитни организации или да ги поделат поголемите депозити на повеќе помали. Таа можност им беше дадена на 11 април со претходниот указ на Министерството за финансии.

Во новиот документ се презицира дека физичките лица можат да вршат меѓународни трансакции само во износ до две илјади евра месечно, а правните лица до десет илјади евра. На клиентите на една банка им се забранува да отвараат сметки во други банки на островот.

Со новиот указ, чија важност е ограничена на седум дена, се забрануваат и слободни трансакции на средства во странство. Кипарските власти сепак направија некои исклучоци, на пример за исплаќање на плати на работници во странски компании. Во тие случаи за реализирање на трансакции до 20 илјади евра се бара доставување на одредени документи, а за поголеми суми одобрение од Централната банка.

За плаќање на стоки и услуги во странство со кредитни или дебитни картички од кипарските банки има ограничување до пет илјади евра месечно, а од банкоматите во Кипар можат да се повлекуваат до 300 евра дневно.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Кипар во „дупка“ од 2,24 милијарди евра поради пандемијата

Жарко Настоски

Прв смртен случај од Коид-19 на Северен Кипар

Светска банка: Доколку Кипар се обедини, доходите ќе се зголемат за седум отсто

Ана Ололовска

Грција, Кипар и Израел денеска во Атина ќе го потпишат договорот за гасоводот EastMed

Ана Ололовска