Кипарските власти покренуваат кривична истрага за банкарската криза

Од:

Кипарските власти одлучија да почнат со истрага во врска со економската криза која го примора Кипар да побара меѓународен пакет помош и реорганизација на банкарскиот сектор.

Акцијата уследи откако истражниот комитет именуван пред три месеци со цел пронаоѓање причини на одоговорни за почеток на економската криза, одлучи дека не може да го истражува прашањето што би требало да биде решено пред суд.

Кипарската Влада поради тие причини, имаше синоќа состанок и договори паралелно продолжување на јавната и кривична истрага.

Државниот обвинител Петрос Клеридес изјави дека кривичната постапка ќе се фокусира на периодот од 2006 до 2013 година и прекршоците на поединци кои се потенцијално одговорни за економската криза.

Во рамки на постапката ќе се истражува трансфер на средства од кипарската банка Лаики во Грција, отпис на заеми, неетичко продавање банкарски обврзници, купување ризични грчки должнички хартии од вредност од страна на Лаики банката и Централната банка на Кипар.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Кипар во „дупка“ од 2,24 милијарди евра поради пандемијата

Жарко Настоски

Прв смртен случај од Коид-19 на Северен Кипар

Светска банка: Доколку Кипар се обедини, доходите ќе се зголемат за седум отсто

Ана Ололовска

Грција, Кипар и Израел денеска во Атина ќе го потпишат договорот за гасоводот EastMed

Ана Ололовска