Кипарскиот Парламент изгласа четири од петте предлог-закони побарани од меѓународни кредитори

Од:

Кипарскиот Парламент изгласа четири од петте предлог-закони, побарани од меѓународните кредитори во замена за финансиска помош за излез на островот од кризата.

Усвоените четири закони вклучуваат зголемување на корпоративниот данок од 10 на 12,5 отсто, зголемување на таксата врз каматите по депозитите од 15 на 30 отсто, зголемување на таксата врз банкарските зделки од 0,11 на 0,15 отсто и зголемување на даноците врз потрошувачката.

Идната седмица Парламентот ќе треба да усвои предлог-закон за државните службеници и регулативите во здравството.

Високиот законодавен орган на земјата го усвои и предлогот, поднесен од владејачката партија ДИСИ, да се замрзнат вработувањата во државниот сектор. Предлогот бил поддржан од сите партии со исклучок на опозициската АКЕЛ.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Кипар во „дупка“ од 2,24 милијарди евра поради пандемијата

Жарко Настоски

Прв смртен случај од Коид-19 на Северен Кипар

Светска банка: Доколку Кипар се обедини, доходите ќе се зголемат за седум отсто

Ана Ололовска

Грција, Кипар и Израел денеска во Атина ќе го потпишат договорот за гасоводот EastMed

Ана Ололовска