Кипарската православна црква ќе помогне за излез на земјата од финансиската криза

Од:

Поглаварот на Кипарската православна црква архиепископ Хризостом изјави дека црковните средства ќе ги стави на располагање на државата, со цел да помогне за излез од финансиската криза.

Кипарските пратеници вчера го отфрлија планот за оданочување на банкарските депозити во земјата, што го стави под знак прашање меѓународниот план за спас на Кипар.

По состанокот со претседателот Никос Анастасиадис денеска Хризостом истакна дека Црквата планира да ги заложи своите активи инвестирајќи во државни обврзници.

Кипарската црква има значителни средства, акции во банка и пиварница.

Никозија има потреба од 15,8 милијарди евра за спас на банките и поддршка на финансискиот сектор во земјата со цел да избегне евентуален излез од еврозоната.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар