Кипарската економија до 2014 година ќе биде во длабока рецесија, покажува извештај на Тројката

Од:

Кипарската економија значително ќе настрада во следните две години со драстично намалување на банкарскиот сектор, наметнато од еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во замена за помош од 10 милијарди евра, се посочува во документ на Тројката, што беше лиферуван доцна синоќа.

Бруто домашниот производ (БДП) на Кипар во текот на 2013 и 2014 година веројатно ќе се намали за вкупно 12,5 отсто и ќе биде сериозно засегнат од преструктурирањето на банкарскиот сектор, што има многу голем дел во економијата на островската држава, се посочува во извештајот.

Тој треба да се разгледа во петок, на средбата на министрите за финансии од еврозоната во Даблин, посочуваат француските медиуми.

Во 2013 година се очекува кипарската економија да се намали за 8,7 отсто, а во 2014 за 3,9 отсто, пред да го обнови растот во 2015 година со зголемување на БДП за 1,1 отсто, се прецизира во извештајот.

Ако нештата се влошат, Никозија „ има обврска да преземе дополнителни мерки за да ги постигне целите, определени во програмата за помагање“, што беше донесена на крајот на март, потцртуваат авторите на документот од 16 страници.

Планот за помагање на островската држава предвидува во теорија Кипар да добие девет милијарди евра од еврозоната преку нејзините фондови за укажување на помош и една милијарда од ММФ. Овие суми во голем степен би требало да послужат за рекапитализирање на кипарските банки. Во замена за нив земјата треба да најде приближно 13 милијарди евра и оваа сума значително ги надминува првично споменуваните седум милијарди евра, посочуваат француските медиуми.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар