Кипарската централна банка го смени генералниот директор на „Банката на Кипар“

Од:

Кипарската централна банка го разреши генералниот директор на „Банката на Кипар“ Јанис Кипри, соопшти денеска официјален претставник на најголемата банка на островот.

Смената се случи по назначувањето на специјален администратор во „Банката на Кипар“, која беше спасена од колапс оваа недела со строгиот финансиски договор постигнат со ЕУ.

Анонимен службеник на најголемата банка во Кипар изјави дека информациите во медиумите за смената на Кипри се точни, но одби да ја потврди информацијата дека Централната банка побарала оставка на целиот Борд на директори на „Банката на Кипар“.

Претседателот на Бордот на директори на „Банката на Кипар“ Андреас Артемис вчера поднесе оставка, но Бордот не ја прифати.

Артемис поднесе оставка заедно со уште четири други членови на Бордот поради несогласувања со драстичните планови на кипарската Влада за враќање во нормала на банкарскиот сектор во земјата, кои се наметнати од меѓународните кредитори во замена за финансиска помош од еврозоната.

Тој исто така потестираше и поради тоа што кипарската Влада не го информирала претходно менаџментот на Банката дека е именуван администратор, кој ќе го надгледува реструктуирањето на „Банката на Кипар“.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар