Кипар има наоѓалишта на природен гас за наредните 250 години

Од:

Директорот на дирекцијата „Енергетика“ при кипарското Министерство за трговија, Солон Касинис, изјави дека Кипар има наоѓалишта на природен гас за следните 250 години

Касинис истакна дека наоѓалиштата на природен гас во тој регион се 60 трилиони кубни фита (еден кубен фит изнесува 0,028316 кубни метри). Според него, во „блокот 12“ по секоја веројатност има меѓу осум и 12 трилиони кубни фита природен гас. Се смета дека чистата заработка само од конкретниот блок изнесува 86 милијарди евра.

Вкупната вредност на наоѓалиштата во исклучителната економска зона на Кипар во Средоземното Море изнесува 2,1 трилиони евра, а чистата заработка ќе биде над 800 милијарди евра.

Касинис изрази уверување дека во зоната има и наоѓалишта на нафта. Тој истакна дека ќе биде извршено истражување на длабочина од седум метри, за да се открие колку нафта има.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар