Европската инвестициска банка (ЕИБ) ќе додели на Кипар кредит во вредност од 100 милиони евра, пренесува БТА.
Претседателот на Европската инвестициска банка Вернер Хојер утре пристигнува во посета на Никозија каде ќе се сретне со кипарскиот претседател и министерот за финансии, со кои ќе потпише договор за кредит во вредност од 100 милиони евра.
Средствата ќе бидат искористени за реализирање на проекти кофинансирани од Европскиот Кохезионен фонд и структурните фондови на Европската унија.