Кипар: Банкарите штрајкуваат

Од:

Синдикатот на вработените во кипарските банки повика на краток штрајк, поради стравот дека планот за спасување на Кипар не предвидува заштита на пензиските фондови.

Според соопштението на синдикатот Етик, штрајкот ќе биде одржан денес, по што вработените ќе се упатат кон седиштето на синдикатот во Никозија, а потоа ќе тргнат на протестна прошетка кон кипарскиот парламент.

Кипар на 25 март постигна договор со претставници на меѓународната кредиторска тројка Европската Унија, Меѓународниот монетарен фонд и Европската централна банка, од кои треба до добие 10 милијарди евра, со што ќе го надмине банкротот и излезот од евро зоната.

Како надомест за помошта ќе мора да го намали банкарскиот сектор, спроведе структурни рефирми и да го приватизира државниот имот.

Претседателот на Кипар, Никос Анастасијадес, минатата недела изјави дека владата ќе направи се за да ги заштити пензиските фондови , во двете најголеми кипарски банки.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар