Кина казни технолошки гиганти за кршење антимонополски закони

Од:

Кинески технолошки гиганти, вклучувајќи ги Alibaba Group и Tencent Holdings, беа казнети денеска поради непријавени аквизиции. Компаниите немаат пријавено 43 аквизиции во последните осум години, согласно правилата за „концентрација“, велат од Државната управа за регулирање на пазарот.

За секој прекршок е предвидена казна од 500.000 јуани (80.000 долари).

Пекинг започна кампања за спречување на создавање монополи на пазарот и акција за заштита на податоците од технолошки компании кон крајот на 2020 година.

Владејачката партија е загрижена дека компаниите имаат преголема контрола врз нивната индустрија и ги предупреди да не ја користат својата доминација за да ја блокираат конкуренцијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пресврт во трговската војна, САД бара преговори

(ВИДЕО) Кина објави драматична порака до Трамп: Нема да потклекнеме пред насилникот

(ВИДЕО) Трагедија во Кина: Пожар избувна во ресторан, најмалку 22 мртви

Кина размислува за укинување на царините за некои американски производи

Горан Наумовски

Кина тивко ги укинува царините за американските чипови

Горан Наумовски

Зеленски: Русија краде кинеска технологија за смртоносни дронови