Касулидис: Кипар не ја чувствува европската солидарност во однесувањето на Еврогрупата

Од:

Кипарскиот министер за надворешни работи Јоанис Касулидис упати критика на условите под кои ќе биде дадена финансиската помош на земјата, истакнувајќи во интервју за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ дека Кипар не ја чувствува европската солидарност во однесувањето на Еврогрупата.

Касулидис нагласи дека Кипар треба да обезбеди 5,8 милијарди сопствени средства за спас на земјата од банкрот. Според него германските данични обврзници забораваат дека тие своите пари дадени за помош на проблематичните земји од еврозоната ќе ги добијат назад со камата, додека милијардите за надминување на кризата, исто така, служат и за зачувување на пазарите на германските производи, внатре во ЕУ.

Сепак, кипарскиот министер отворено кажа дека не знае да даде одговор на прашањето како подобро да се реши ситуацијата во земјата.

За време на преговорите со „тројката“ меѓународни кредитори, Кипар за многу малку не донесе одлука за излез од еврозоната, призна Касулидис.

– Тоа беше една од можните опции што ние сериозно требаше да ја земеме предвид, нагласи кипарскиот министер.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар