Кампањи на АЕК за заштита од измами на интернет

Од:

Покревање и јакнење на јавната свест за значењето на сајбер-безбедноста е целта на двете кампањи за заштита од измами на интернет, што ги подготви Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти (MKD-CIRT) кој е дел од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).

Кампањите се едукативни и ги опфаќаат проблемите со компјутерски измами со кои најчесто се среќаваат граѓаните. Првата кампања е составена од шест едукативни видеа каде секое од нив обработува некоја од најчестите компјутерски измами – фишинг напади, купување на интернет, малвер, пристап до содржини несоодветни за возраста, заштита на личните податоци и лозинки. Во секое од видеата се објаснува секоја од овие измами и начинот како граѓанинот да се заштити во вакви сутуации.

Втората кампања со наслов „Животот не е бајка“, што регионално ја спонзорира DCAF од Велика Британија, се состои од видеа, анимации, постери и радио-џиглови и ги обработува истите теми, при што за најмладата популација се изработени анимации кои на интересен начин на децата им ги објаснуваат „проблемите“ со кои можат да се соочат на интернет.

-Сведоци сме дека граѓаните постојано се соочуваат со најразлични измами од кои најголем дел имаат за цел да ги добијат нивните лични податоци, односно шифрите и лозинките од нивните банкарски сметки и картички. Без разлика дали се работи за фишинг, што значи дека ви пристига е-пошта наводно од банка, или од некоја голема компании (Гугл, Нетфликс, Амазон итн.) каде измамникот ве повикува да кликнете на врската со што добива пристапи до вашите лични информации, или се работи за купување преку лажни продавници, или можеби за компјутерски црв, сите тие се со цел финансиски да му наштетат на корисникот. Како голем проблем во денешно време е и пристапот до страници кои не се соодветни за возраста, каде особено се погодени децата. Токму со цел да информираме и едуцираме, ги подготвивме овие кампањи со кои веруваме дека ќе ја подигнеме свеста на граѓаните за сајбер безбедноста, вели Александар Ацев, раководител во Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT при АЕК.

MKD-CIRT е организациска единица во рамките на АЕК и претставува официјална национална точка за контакт и координација во справувањето со безбедносните инциденти кај мрежите и информациските системи, кој идентификува и обезбедува одговор на безбедносни инциденти и ризици.

Би можело да ве интересира

Анализа на АЕК: Недостиг на пазарна конкуренција во мобилната телефонија, влезот ограничен

Горан Наумовски

Грчка полиција уапси маж кој е осомничен за убиството на навивачот на АЕК

Горан Наумовски

АЕК за транспарентот „Косово е Албанија“: Ќе ги најдеме одговорните

(ВИДЕО) Нова снимка од Грција: Наводно се гледа моментот кога навивач на АЕК е избоден со нож

Мајката и вујкото на убиениот навивач на АЕК им се заблагодарија на играчите што го исфрлија Динамо

(ВИДЕО) Грците објавија нови снимки од последните моменти на убиениот навивач на АЕК