Јункер и Лагард ја исклучуваат можноста за излез на Грција од еврозоната

Од:

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер во интервју за германски весник ја исклучи можноста Грција да излезе од еврозоната, а вината за кризата во земјата им ја припиша на грчките влади и на самите граѓани, кои дозволиле да бидат направени сите тие грешки, јавуваат грчките медиуми.

– Новата грчка Влада треба да биде прифатена пријателски. Грците мислат дека не се виновни за проблемите на нивната земја, но ниту Германците, ниту Холанѓаните не гласаа за ПАСОК и Нова демократија во изминатите 40 години. И Грците имаат вина, која не можат да ја негираат, нагласи Јункер.

Директорот на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард изјави дека веројатноста за излегување на Грција од еврозоната воопшто не е предмет на расправа.

– Она за што се дискутира е како да имаме доверба едни во други за да чекориме напред. Важно е грчката економија во рамките на еден комплексен план да може да стане посилна и поефикаснка и да биде создадена можност за отварање работни места, истакна Лагард.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови