ЈСП Скопје финансиски стабилно, цената на билетите не се менува

Од:

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје нема никакви проблеми во тековното работење и во моментов е во стабилна финансиска состојба, благодарение на поддршката од Град Скопје и Владата во вид на субвенции за бесплатниот јавен превоз и потешкотии при функционирањето.

Од ЈСП Скопје за МИА информираат дека и покрај фактот дека цената на нафтата секојдневно варира, став на Град Скопје и ЈСП Скопје е цената на билетите да остане непроменета во интерес на корисниците.

Користењето на електронските картички и функционирањето на АВЛ системот во автобусите на ЈСП Скопје е во функција веќе втора година. Од претпријатието информираат дека секојдневно се соочуваат со одредени предности, но и недостатоци.

Дел од предностите се подобра информираност на патниците, подобрена мобилност, придобивки во планирањето, спроведување и контрола на јавниот превоз, статистика за бројот и категоријата на патници по коридори, линии постојки, оптимизација на возните редови, пратење на возилата во реално време.

– Недостатоците ги има, но секојдневно се трудиме да најдеме решение и да ги сведеме на минимум во насока на подобрување на јавниот превоз, посочуваат од ЈСП Скопје.

Од претпријатието информираат дека во моментов интензивно работат на осмислување проекти што би следеле во иднина и секојдневно се работи на подобрување на јавниот превоз, во соработка со предлозите на граѓаните и соодветните општини.

ЈСП Скопје располага со 417 автобуси од марките: LAZ, Yutong, SANOS и 24 минибуси. Секое утро граѓаните на Град Скопје се опслужуваат со околу 287 автобуси на вкупно 92 градски и приградски линии. На годишно ниво се пренесуваат околу 47 милиони патници. Автобусите се одржуваат и поправаат во двете автобази на ЈСП Скопје, во Автокамнда и во Ѓорче Петров. Тенденција на раководството на ЈСП СКОПЈЕ е набавка и веќе е планирана на нови автобуси на природен гас – CNG кои дополнително би ја подобриле услугата, но и би придонеле за намалување на загаденоста.

Би можело да ве интересира

60-годишна жена била нападната од возач на автобус на ЈСП

Тројца истепани во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

Автобусите во Скопје денеска сообраќаат по неделен возен ред

А1он

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје