Јоргиадис: Кипар има пари до крајот на месецот

Од:

До крајот на месецот Кипар ќе ги исцрпи паричните резерви. Владата не подготвува и нема „план Б“, изјави денеска пред парламентарната финансиска комисија министерот за финансии, Харис Јоргиадис.

Јоргиадис наведе дека исполнувањето на договорот со меѓународните кредитори и останувањето на Кипар во еврозоната и во Европската унија не е доведено под сомнеж.

– Излегувањето на Кипар од зоната на единствена валута еднакво е на кратење на депозитите не само во Бнката на Кипарт и на Кипарската народна банка, туку и на целата економија, која ќе се врати назад со векови, истакна Јоргиадис.

Кипарската Влада сака процедурите на Банката на Кипар да бидат финализирани и да бидат олеснети мерките за движење на капиталот.

Пред парламентарната финансиска комисија денеска се обрати и директорот на Централната банка на Кипар, Паникос Димитриадис. Тој наведе дека колку средства ќе бидат потребни за рекапитализација на Банката на Кипар ќе биде познато во јуни.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар