Јавниот долг на Франција се зголеми на 101,2 отсто од БДП во првиот квартал на годината

Од:

Јавниот долг на Франција во првиот квартал на годината се зголемил на 101,2 отсто од БДП, што е најголем тримесечен скок на долгот од кризата во 2009 година.

Јавниот долг од 101,2 отсто од БДП, во монетарна вредност сега изнесува 2.438,5 милијарди евра, сооопшти националниот Институт за економски и статистички студии на Франција (ИНСЕЕ).

Односно во првото тримесечје, францускиот јавен долг се зголеми за 58,4 милијарди евра во споредба со претходниот квартал. Изразено во проценти, зголемувањето е од 98,1 отсто од БДП, на крајот на 2019 година, на 101,2 отсто, што претставува зголемување од 3,1 процентни поени, „најголемо зголемување од второто тримесечје на 2009 година“, забележува ИНСЕЕ.

За целата 2020 година, според предвидувањата јавниот долг би требало да достигне 121 отсто од БДП.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лансиран е сателитот кој заеднички го развија Кина и Франција

Саркози: Макрон ја турка земјата во хаос

Во пожар во штала во Франција изгореа 70 тркачки коњи

A1on

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен

Макрон го распушти собранието и распиша избори за 30 јуни

A1on

Тежок пораз на Макрон на европските избори, Ле Пен ја запечати победата

A1on