Јанакиески на Балканска министерска конференција за јавно-приватни партнерства на автопати

Од:

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска присуствува на „Првата балканска министерска конференција за јавно-приватни партнерства на автопати“, која се одржува во Мотовун, Хрватска.

Во рамките на оваа конференција, како што соопшти Министерството за транспорт и врски, предвидено е министерот Јанакиески да има свое обраќање, во кое ќе биде презентиран проектот за модернизација на патниот правец Скопје-Гостивар-Кичево по пат на концесија со можност за наплата на патарини.

За реализација на овој проект во тек е соработка со Меѓународната финаниска корпорација (ИФЦ), која е еден од коорганизаторите на конференцијата. Се очекува во следниот период од девет месеци ИФЦ да ги анализира сите релевантни информации кои се однесуваат на концесијата на патниот правец и да изготви техничко-сообраќајна анализа, детален финансиски модел, испитување на пазарот и препорачлива структура за имплементација, по што се очекува да биде распишан и јавен повик.

Исто така, во рамките на оваа конференција ќе биде презентирана можноста за реконструкција и модернизација по пат на концесија на патната делница Скопје-Блаце.

На министерската конференција во Мотовун присуствуваат повеќе ресорни министри и заменици за транспорт од земјите во регионот – Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Република Српска, Косово и Србија, како и претставници на најголемите меѓународни градежни компании, голем број на експерти и раководни лица во делот на јавно-приватни партнерства за развој на патната инфраструктура.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

Орце Костов

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска