Излегувањето на Кипар од еврозоната нема да ги реши проблемите на земјата

Од:

Евентуалното излегување на Кипар од еврозоната нема да ги реши проблемите на земјата, изјави претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги на редовната месечна прес конференција по денешното заседание за монетарната политика на оваа финансиска институција од Франкфурт.

-Грешките, дозволени во економијата на островската држава, нема да престанат да бидат грешки дури и ако Никозија се најде надвор од монетарната унија. Имено, поради тоа, така или онака, неопходно ќе биде да се направи консолидација и преструктуирање на банкарскиот сектор, изјави Драги.

-Излегувањето од еврозоната означува сериозни ризици. Според мене, ако е надвор од монетарната унија на секоја земја би и се наметнало да ги прави овие реформи во доста посложни околности.

Драги забележа дека ЕЦБ не се откажува од своите прогнози за заздравување на европската економија во текот на втората половина од оваа година.

Во меѓувреме, водечкиот индекс на Франкфуртската фондова берза ДАХ денеска попладне се намали за 0,69 отсто до 7815,27 поени.

Некои експерти, пред се од земјите на јужна Европа, очекуваа ЕЦБ да ја намали својата водечка камата од сегашните 0,75 отсто на 0,50 отсто, но тоа не се случи.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар