Изградбата на ХЕЦ „Бошков Мост“ ќе почне до крајот на годината

Од:

Реализацијата на градежните активности за изградба на ХЕЦ „Бошков Мост“ треба да почне кон крајот на годинава или на почетокот на наредната година, најави генералниот директор на АД ЕЛЕМ Дејан Бошковски по посетата на хидроелектраните Равен и Вруток.

– Минатиот месец ги добивме финансиските понуди за главната електромашинска опрема. Во тек е прибирањето на финансиските понуди за двата лота за изведување на градежните работи, кои треба да стигнат до крајот на јули годинава. Очекуваме кон крајот на третиот квртал да ги потпишеме договорите за изведување на работите и во зависност од теренските и подготвителните активности на компаниите кон крајот на годинава или на почетокот на наредната треба да почнат конретните градежни активности за изведба на проектот „Бошков Мост“, истакна Бошковски во одговор на новинарско прашање.

Во врска со проектот „Луково Поле“, кој е многу значаен за зафатот и опфатот на водите и е поврзан со Мавровскиот регион, рече дека во моментов е завршена физибилити студијата, во тек е изработката на еколошката студија, а кон крајот на месецов треба да дојдат и претставниците на Светска банка за да направат ревизија на студијата и да видат што е сработено со шпанскиот консултант „Аксиона“ и воедно да го потврдат своето учество во проектот.

– Првичните податоци за еколошката студија укажуваат дека нема никакви проблеми… Водите кои ќе се зафатат со проектот „Луково Поле“ ќе имаат годишно производство од 156 гигават часови електрична енергија што е еднакво на годишното производство на ХЕЦ „Козјак“, рече Бошковски.

Би можело да ве интересира

Собраниска комисија нема да расправа за гасните централи и соларните паркови

Орце Костов

Граѓаните на Македонија плаќаат најскапа струја: Конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач би им донела пониски сметки

А1он

Николовски: За 45% поголемо производство на струја, имаме најдобри резултати во енергетиката

РЕС одбележува една гостина постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија во енергетската криза

(ВИДЕО) Андонов: Електро-енергетскиот систем е стабилен

ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница за нивниот предлог Закон за енергетика