Изборот за нов универзален снабдувач обвиткан со тајност

Од:

Три дена по неофицијалниот избор на ЕВН Хоум за старо нов универзален снабдува, нема официјална информација како се одвивал изборот и како течела аукција, кој според повикот требаше да се спроведе јавно.

Владината Комисија за избор на УС, иако беше најавено, не излезе јавно со извештај кој од апликантите на јавниот повик ги исполнил условите предвидени во тендерот и кој добил покана да учествува на аукцијата.

Дека изборот е направен од Владата за ова брифирале само дел од медиумите истакнувајќи дека извештајот од аукција ќе биде разгледан на некоја следна владина седница, по што ќе биде донесена одлука дали исходот од аукција ќе биде прифатен.

За експертите, сета оваа мистерија околу изборот на универзален снабдувач отвора сериозни дилеми за регуларноста на постапката. Потсетуваат дека пред пет години јавноста имаше речиси комплетен увид во текот на целата постапката. Изборот во 2019 година беше направен според т.н. „отворена процедура“ кој овозможува висока ниво на транспарентност и фер конкуренција согласно Законот за јавни набавки.

Оваа постапка, се чини, овој пат изостанала, бидејќи пред информацијата дека ЕВН Хоум и во следните пет години ќе ги снабдува домаќинствата и малите потрошувачи со електрична енергија нема никаква информација за текот на постапката, ниту најава за одржување на аукција со негативно наддавање.

Согласно повикот, единствен услов за избор на УС беше понуда на најниска профитна маржа. А, на повикот покрај ЕВН Хоум се пријавија и ЕСМ Продажба и приватната компанија ЕДС.

Би можело да ве интересира

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 83,02 евра за мегават час, на МЕМО 87,77 евра за мегават час

Ново раководство во ЕДС: Компанијата на пат кон зајакнување на својата пазарна позиција

Катерина Ѓуровски

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата денеска изнесува 85,24 евра за мегават час, на МЕМО 82,14 евра за мегават час

Горан Наумовски

ЕДС именува главен извршен директор кој ќе ја води компанијата во нова ера на раст и иновации

Катерина Ѓуровски

Регулаторна: ЕВН Хоме да ги коригира сметките за струја и да направи соодветна распределба по блокови

А1он

Левица: Владата кажа дека нема да го помага ЕСМ – цехот ќе го плаќаат граѓаните со поскапо парно