Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

Од:

На еден месец пред истекот на последниот рок Владата не соопштува кој ќе се трка на аукцијата за избор на универзален снабдувач.

Се создава впечаток дека одлуката за универзален снабдувач се одложува за период во кој јавноста ќе биде окупирана со кампања за претседателските и парламентарни избори. Дилемата е дали ќе се носи одлука независно водејќи се од интересите на граѓаните и кој ќе понуди најниска цена за домаќинствата.

И покрај најавите од инволвираните во процесот дека изборот ќе биде направен во краток временски рок, сепак и граѓаните, но и компаниите кои се пријавија на повикот се уште се во неизвесност. Причините за одложувањето на одлуката не се познати, иако она што требаше да следи по затворањето на процесот на аплицирање беше едноставна постапка за проценка дали апликантите ги исполнуваат зададените услови и кој од нив ќе продолжи понатаму.

Надлежните институции и инволвираните во постапката за избор не даваат прецизни одговори на прашањата кога ќе заврши процената на апликациите и кому ќе му биде дозволено да учествува на аукција.

Дел од експертите тврдат не очекуваат политички мотивирана одлука бидејќи според нив постапката е надгледувана од независно регулаторно тело. Наместо тоа, тие очекуваат таа да се заснова исклучиво на добро дефинирани критериуми, при што примарна грижа е можноста да се понуди најниска маржа за снабдување со електрична енергија на граѓаните.

Кои се компаниите кои се во игра за универзален снабдувач?

Јавниот повик за избор на универзален снабдувач на домаќинствата и малите потрошувачи беше затворен на 12 јануари. На него се пријавија досегашниот универзален снабдувач, ЕВН, државната компанија ЕСМ продажба и ЕДС АД Скопје.

ЕВН Македонија, дел од австриската ЕВН, која од 2006 година е присутна во државата. Пред пет го доби првиот повик за универзален снабдувач пред пет години со понуда од 11,5 отсто маржа, а единствен конкурент тогаш беше ЕСМ продажба.

ЕДС е приватна компанија која повеќе од една деценија успешно работи како снабдувач со струја на слободниот пазар, од пред 5 години е дел од групацијата на грчката државна компанија ППЦ, кој пак е најголемиот снабдувач со електрична енергија во југоисточна Европа. Раководството на компанија во пресрет на повикот најави дека се подготвени да понудат значително помала маржа во однос на актуелната и доколку бидат избрани граѓаните може да очекуваат помали сметки за електрична енергија во следните пет години.

Кој ја носи одлуката за нов универзален снабдувач?

Владата кон крајот на 2023 година формираше комисија за избор на универзален снабдувач во која се вклучени претставници од повеќе надлежни институции, министерства во делот на енергетиката. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ги формираше критериумите за јавниот повик кој што беше распишан на 11 декември 2023 година и траеше до 12 јануари годинава.

Што одложувањето на изборот значи за граѓаните?

Познавачите кои посветено ги следат тековите на енергетскиот пазар велат дека одложувањето на процесот за избор на универзален снабдувач негативно ќе се одрази врз сметките на граѓаните од повеќе аспекти.

Прво, во моментов цените на електрична енергија бележат надолен тренд кој доколку изборот беше направен или се направи за скоро време компанијата која ќе ги снабдува со струја домаќинствата може да го искористи за да обезбеди поевтина електрична енергија за граѓаните.

Второ, доколку процесот се одолговлекува до последен момент – 17 април тоа драстично ќе го скрати рокот за подготовки на новиот универзален снабдувач и негово прилагодување кон испорака на струја кон домаќинствата. Ова, пак, значи дека ќе биде потребно подолго време за граѓаните да видат намалување на нивните сметки за електрична енергија.

Во соседството граѓаните може да бираат од која компанија ќе се снабдуваат со електрична енергија, ќе имаат ли за скоро таков избор и македонските граѓани?

Инаку, неодамна Евростат излезе со податоци според кои македонските граѓани плаќаат највисока цена за електрична енергија.
Ова, според експертите не би било случај, доколку постои вистинска и здрава конкуренција.

Затоа експертите се согласни дека треба и тоа како да има конкуренција при изборот на Универзален снабдувач на електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи. Во сета оваа борба и конкуренција, на крај најголем интерес имаат крајните потрошувачите. Граѓаните како најранлива категорија треба да добијат пониски цени на струјата, а не да бидат оставени во рацете на монопол кој е премногу комотен и на кого единствена цел му е профитот.

Кај некои земји од регионот на пример, граѓаните дури имаат и избор од која компанија ќе добијат електрична енергија. Во Бугарија граѓаните се снабдуваат од три компании кои се поделени по региони. „ЦЕЗ Бугарија“ ги снабдува граѓаните во западна Бугарија, „Енерго-Про“ во североисточниот дел на земјата, а „ЕВН“ ги снабдува со енергија граѓаните во југоисточна Бугарија.

Хрватска има вкупно седум компании што се снабдувачи со струја и меѓу нив секогаш има разлика во цената. Словенечкиот пазар е целосно либерализиран и има пет компании што имаат лиценци за снабдувачи, што исто така влијае позитивно врз понудата, односно граѓаните добиваат пониски сметки.

Во Македонија граѓаните се на регулираниот пазар, односно електрична енергија добиваат од Универзалниот снабдувач, затоа од исклучително значење е да има вистинска, а не привидна конкуренција при изборот на компанија која ќе понуди најниска профитна маржа.

Би можело да ве интересира

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?

Орце Костов