Италијанско – македонски бизнис форум за транспорт, енергетика и животна средина

Од:

Италијанско – македонски бизнис форум за можностите во секторите транспорт, енергетика и животна средина ќе се одржи денеска во организација на ИЧЕ Агенцијата за промоција и интернационализација на италијанските компании во странство.

Најавено е учество на околу 15 италијански компании од секторите транспорт, енергетика и животна средина, заинтересирани за соработка со партнери од Македонија, како и обраќање на премиерот Зоран Заев.

Ќе бидат презентирани проектите и програмите поддржани од ЕУ и од меѓунардните финансискии нституции, како и инвестициските и развојните проекти во патната и железничката инфраструктура, во енергетиката и животната средина.

Форумот е организиран во соработка со најголемите национални здруженија во Италија: Национално здружение на градежни компании (ANCE), Национално здружение на проектанти и консултанти во секторот градежништво (OICE) и Национална федерација на компании од полето на електротехниката и електрониката (ANIE).

Би можело да ве интересира

Левица: Системска ​​​​​деградација на државната енергетика преку одлив на стручни кадри

Од 178 повредени, 101 пациент се третираат во странските медицински центри

Бислимовски: Со новиот Закон за енергетика се оди кон либерализација на пазарите што поттикнува инвестиции

Божиновска: Регионалната соработка е од особена важност за енергетската трансформација

Божиновска најави ревизија на сите државни институции во делот на енергетика

Катерина Ѓуровски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он