А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Левица: Системска ​​​​​деградација на државната енергетика преку одлив на стручни кадри

by А1он16/04/2025 - 12:14251
Share0

Левица остро реагира на долгогодишната системска политика на деградирање на државните енергетски претпријатија преку занемарување на стручните кадри кои со децении ја носат оваа клучна дејност на своите плеќи. Станува збор за свесна стратегија — платите во енергетскиот сектор намерно не се зголемуваат согласно реалните трошоци на живот, додека на сите други места истите растат. Зошто? За приватните фирми да можат лесно да ги „преземат“ овие кадри, во кои државата веќе има инвестирано време, пари и знаење, велат од Левица.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Овие состојби не се случајни. Тие се резултат на политиките што ги водат оние кои во моментов управуваат со секторот енергетика, и кои добро знаат дека кадарот кој го напушта државниот сектор на крајот, преку приватни компании, повторно ќе работи за потребите на државните енергетски компании, но овој пат за далеку повисоки суми, преку тендери, консултантски договори и надворешни соработки. Така, државните фирми наместо да ги задржат и мотивираат своите најдобри стручњаци, завршуваат со тоа што ги преплаќаат истите – но преку приватни канали. Со тоа, јавниот систем се претвора во инструмент за профит на приватни интереси на блиски соработници на владејачката гарнитура.

Понудите што ги добиваат стручните лица од приватните компании, во споредба со мизерните услови во јавниот сектор, се драстично повисоки. И токму затоа, сведоци сме на масовна миграција на квалитетниот стручен кадар од државните фирми кон приватниот сектор. Оваа состојба е алармантна. Ако дозволиме државната енергетика да остане во рацете на некомпетентни, партиски вработени и вработените по основ на рамковна распределба – тогаш не само што ќе се соочиме со колапс на системот за одржување на мрежата, трафостаниците, балансирањето на електроенергетскиот систем и одржувањето на производствените капацитети, туку и со целосна загуба на суверенитетот врз енергетските ресурси.

Дополнително, загрижува фактот што голем дел од стручниот кадар кој сѐ уште ја одржува стабилноста на системот е во поодминати години и наскоро ќе замине во пензија. Наместо да се вложува во пренесување на нивното знаење на млади инженери и да се работи систематски на подмладување на стручните кадри, власта дозволува младите инженери да заминуваат во приватниот сектор или надвор од државата. На хоризонтот се наѕира генерациска празнина која ќе ја чини државата скапо – и технички и безбедносно.

Следете a1on на Youtube YouTube

Левица бара итно: Зголемување на платите на стручните кадри во државните енергетски компании; Запирање на злоупотребите преку надворешни договори и тендери;
Воведување на јасна стратегија за задржување и развој на домашен кадар; Отфрлање на партиската и етничката логика при вработувања во стратешки сектори.
Доколку и последните стручни кадри заминат, тогаш енергетската стабилност и иднината на државата ќе бидат препуштени на аматери и политички кадри, во полза на интересите на енергетските олигарси, тврдат од партијата.

energetikalevica

Би можело да ве интересира

Исмаил до Тошковски: Кој е крив за бегството на Ива Михаилова?

А1он14/10/2026 - 17:56

Левица издејствува повлекување на спорните измени за еколошките жешки точки од законот за животна средина

Горан Наумовски13/10/2026 - 17:58

Левица: Груби излегува од куќен притвор – дилот меѓу ДПМНЕ и ДУИ за „Бехтел и Енка” си тече!

Горан Наумовски13/10/2026 - 14:54

Левица: Сомнителни тендери во МАНУ – надворешно сметководство и покрај сопствен финансиски оддел

Катерина Ѓуровски13/10/2026 - 09:21

Левица: Со бегството на Михаилова во Бугарија, Тошковски го дотера безбедносниот систем до дно – што ли договори Муцунски во Софија?

Горан Наумовски12/10/2026 - 13:22

Левица: Депонијата во Арачиново гори, институциите бегаат од одговорност, а граѓаните дишат отров!

Горан Наумовски12/10/2026 - 12:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео