Исполнети условите за одземање на концесијата за „Иловица“

Од:

Условите за одземање на концесијата на Еуромакс ресурсис за локалитетот „Иловица“ се исполнети, сметаат од Министерството за економија.

Од ова Министерство најавуваат дека се очекува во наредните седум дена да биде одземена концесијата на Еуромакс ресурсис.

Министерството за економија на последната седница доби од Владата задолжение да ја испита правната исполнетост на барањето за добивање дозвола за експлоатација на минерална суровина – бакар и злато на Еуромакс ресурсис ДОО Скопје на локалитетот „Иловица“, Општина Босилово и Општина Ново Село и доколку не се исполнети правно-формалните аспекти да го одбие барањето на концесионерот.

Како што соопштија од владината прес – служба доколку се утврди дека не е исполнета правната обврска на барањето за добивање дозвола за експлоатација на минерална суровина – бакар и злато, на Еуромакс ресурсис ДОО Скопје, на локалитетот „Иловица“, Општина Босилово и Општина Ново Село, Министерството за економија еднострано да го раскине договорот за концесија со Еуромакс ресурсис Скопје, на локалитетот „Иловица“, Општина Босилово и Општина Ново Село.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО ) „Еуромакс ресоурцес“ со последна опомена до власта да го почитува законот, пред да почнат арбитража тешка милијарди евра

A1on

Еуромакс Ресоурцес: За да доставиме ревидирана Студија за влијание врз животната средина неопходно е да се донесе одлука за спојување на концесиите

А1он

СДСМ: Пред да глуми загриженост, Мицкоски нека го праша својот потпретседател за Иловица

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги лаже граѓаните за рудникот Иловица, откако влезе Дестани во бизнисот оваа влада го оживеа проектот

Дали и министри ќе одговараат? Концесионерот на рудникот Иловица – Штука освен арбитража најавува директни правни постапки и против индивидуални лица

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: За Иловица треба да одговори ДПМНЕ, концесиите се дадени од Груевски