Исплатени мајските пензии

Од:

Министерството за финансии денеска ја исплати мајската пензија. На сметките на 286.400 пензионери префрлени се 3 милијарди 571 милион денари.

Од Министерството за финансии посочуваат дека исплатата на пензиите се одвива и ќе продолжи да се одвива редовно првата недела во месецот.

– Поддршката на животниот стандард на пензионерите и социјалните категории останува приоритет на Владата, стои во соопштението.

Денеска се исплатени и 6,3 милиони денари за спортски пензии, пензии за национални уметници, надоместоци за талентирани спортисти и награди за спортски тренери.

Би можело да ве интересира

Велковски: Со пензија под минималната и потрошувачка кошничка од 57.000 денари пензионерите едвај преживуваат

Горан Наумовски

Велковски: Срамота е да се каже дека пет отсто е зголемување на пензиите

Ковачевски: Повеќе за сите е мерката за поддршка на пензионерите до 15.000 денари за 5 месеци

СДСМ: Антикризните мерки од 662 милиони евра опфаќаат 187.000 пензионери

Горан Наумовски

Антикризни мерки: Учениците ќе добиваат од 1.200 до 1.800 денари месечно, по 3.000 денари за пензионерите со ниски пензии

Орце Костов

Ковачевски: Пензиите ги зголемивме на историско ниво, има 100 милиони евра повеќе за 2024 и антикризни мерки, поддршката е системска, а не предизборна