Иран тивко купува огромни количества на пченица

Од:

Иран во изминативе две недели тивко купи околу еден милион тони пченица главно од земјите на Европската унија, објавија пазарите што укажува на тоа дека земјата е во можност да увезува храна, без оглед на финансиските санкции кои и се наметнати поради развојот на нуклеарната програма.

Иран во минатото извезуваше пченица, но санкциите кои Западот ги воведе се совпаднаа со лошата жетва, присилувајќи ја земјата да купи пченица на глобалните пазари за да се прехрани населението.

Во изминатите две недели земаа речиси сè што е на пазарот, изјавија трговски извори во Европа, додека претходно купија пченица и од Русија и Австралија. Со цел да се заобиколат санкциите Иран наместо да плаќа со долари, користел валута како еврото или јапонскиот јен.

Купувањето на толкави количини на пченица аналитичарите го објаснуваат со проблемите на Иран да обезбеди добиточна храна. Иран оваа година купуваше и пченка и јачмен, па дури и во текот на летото купи милиони тони пченица од Пакистан и Индија.

Би можело да ве интересира

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Иран: Подготвени сме да ја браниме нашата нуклеарна програма

Израел се подготвува да го нападне Иран

Иран со јасна порака до Трамп: Нема преговори

Иран: Не е вистина дека развиваме нуклеарно оружје

Аракчи: Нашето нуклеарно оружје не треба да биде проблем, тоа брзо се решава