„Макпетрол“ АД е компанија која во својот работен фокус постојано ги следи потребите на своите потрошувачи. Работејќи по највисоки стандарди кога станува збор за транспорт и продажба на нафтените деривати, на своите корисници им нуди квалитетно, сигурно и економично снабдување со нафтени деривати, гас и био горива.
Токму поради тоа, во изминатиот период, „Макпетрол“ АД, најголемиот дистрибутер на горива во државата, постојано инвестира во обнова на своите бензински станици како и изградба на нови, со цел подобрување и осовременување на својата мрежа на услужни објекти. Во синџирот на бензински станици на „Макпетрол“, потрошувачите имаат можност да ги користат сите видови горива, како и дополнителните услуги кои можат да ги добијат во современите продажни објекти.
Во обновената и современа бензинска станица на влезот од градот Неготино се инвестирани повеќе од 27 милиони денари. Истата ги нуди квалитетните горива од ULTRA фамилијата на „Макпетрол“, вклучувајќи гo и течниот нафтен гас за возила, а во продажниот објект на бензинската станица на потрошувачите им стои на располагање широк избор на производи од дополнителниот асортиман.
„Макпетрол“ АД како водечка компанија на македонскиот пазар е секогаш подготвена да одговори на енергетските потреби на општеството и како досега, преку константните инвестициони зафати на своите објекти претставува двигател на економскиот сектор во државата.
ПР текст