„Интернешнал фреш фуд“ ќе произведува домашно пилешко месо по најсовремени стандарди, инвестиција вредна над 50 милиони евра

Од:

Конзорциумот на домашни и странски инвеститори „Интернешнал фреш фуд“ денеска во Гиновци го означи почетокот на својата инвестиција која во следните пет години ќе надмине над 50 милиони евра и ќе се отворат околу 3000 нови работни места.

Инвеститорот планира да изгради сопствена кланица за живина во селото Врапчиште, Гостиварско, како и фарми во Кочани, Штип, Охрид, Струга, Карбинци, Псача и други места низ државата. Во рамки на планот за инвестирање е и отворање на фабрика за производство на храна за животни во Свети Николе, со што ќе се заокружи цел процес на одгледување на пилиња до финален производ.

– Првпат во земјава ќе има сериозно производство на домашно пилешко месо со запазување на најсовремените пракси за безбедност на храната. На овој начин не само што ќе имаме намалување на увозот на свежо пилешко месо во земјава, кој во моментов изнесува 95 проценти од домашната потрошувачка, туку се отвора и можност да извезуваме надвор на странските пазари, истакна премиерот Зоран Заев, кој заедно со министрите од економските сектори, денеска беше на отворањето на погонот во Гиновци.

Амбициозниот план на конзорциумот, според премиерот Заев, ќе значи и дополнително раздвижување на соработката со кооперантите и домашните производители на репроматеријали. Ваквите сериозни инвестиции во услови на криза, ккако што рече, се и дополнителен мотив Владата да продолжи да работи на подобрување на деловниот амбиент во земјава.

Со инвестицијата се очекува да се намали увозот на пилешко месо во земјава, но и ќе се зголеми пласманот на домашно пилешко место на странските пезари. Од конзорциумот најавуваат можност за пласирање на нивните производи и во синџирот ресторани КФЦ.

– Еден од партнерите во конзорциумот е носителот на франшизата на КФЦ за балканските земји, што обезбедува солидна основа во блиска иднина нашите производи да ги пласираме за нивните ресторани низ Балканот и во Европа, истакна Абдулезел Догани, претставник на компанијата.

Би можело да ве интересира

Избрани најдобрите „зелени бизнис идеи“ за годинава

Жарко Настоски

Деловни резултати на Јунајтед Груп: Стабилен раст на профитабилноста и трансформација во текот на 2020 и првиот квартал од 2021 година

Ана Ололовска

Заев: Секоја криза е шанса, затоа планираме големи проекти

Жарко Настоски

ВИДЕО: Инвестиции од повеќе од осум милијарди евра, најави премиерот Заев за следните шест години

Ана Ололовска

Чекаме важни европски пари за обнова на економијата по ковид-кризата, вели Заев

Жарко Настоски

Македонскиот ИТ пионер „Еконет“ станува дел од реномираната ИТ компанија „Синами“

Ана Ололовска