Интензивирање на изградбата на експресниот пат Прилеп-Градско следната година

Од:

Градежните активности за изградба на експресниот пат Прилеп-Градско ќе се интензивираат следната година. За првата делница од Градско до Дреново веќе е завршена постапката на преземање на градежните работи од страна на новиот изведувач, а за втората делница од Дреново до Фариш веќе е распишан тендер кој е во фаза на евалуација.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски очекува на почетокот на следната година да биде избрана нова компанија која ќе продолжи со градежните работи на делницата од Дреново до Фариш.

– Сега слободно можеме да кажеме дека имаме чист терен за работи и активно продолжуваме со изградба на оваа значајна патна врска кон Пелагонија. Инвестицијата е вредна 26,5 милиони евра, до сега се завршени 34 отсто од градежните работи. Очекуваме силни градежни зафати, така што за граѓаните на Прилеп, Битола и на целиот овој регион значајно е дека конечно 2021 ќе биде година во која овој експресен пат ќе се работи со посилна динамика, рече Бочварски на прес-конференцијата на која информираше за сработеното во првите 100 дена Влада.

Во однос на тужбата од шпанската фирма „Конструксионес Рубау С. А.“ со која беше раскинат договорот, министерот Бочварски вели дека постапките течат, но оти тоа не ја спречува државата да распише нов тендер за изградба на делницата од Дреново до Фариш.

– Има процеси на арбитража кои треба да завршат согласно законските процедури и прописи, но тоа не не спречува нас како држава да распишеме нова тендерска постапка. После завршувањето на евалуацијата, ќе имаме и нов изведувач, а постапките секако дека ќе течат и согласно тоа кој го прекршил договорот, тој ќе ги сноси и последици. Дали се работи за изведувачите или за договорниот орган, тоа останува на повисока истанца којашто во овој момент не би сакал да ја коментирам. Како држава посакуваме сите договори што ги склучуваме со компаниите, без разлика дали се домашни или странски, изведувачите да ги завршуваат. Посакувам сите изведувачи кои ќе се зафатат да работат на овие инфраструктурни објекти во земјава, да ги завршуваат своите работи во роковите што ги земале како обврска. Секое доцнење, секој проблем на трасата, секако дека ќе сносат последици и казни, а можеби и раскинување на договорите, нагласи Бочварски.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска