Инфалцијата во март е 4,9 %

Од:

Tрошоците на животот во март 2026 година, во однос на март лани, бележат зголемување од 4.9 %, а цените на мало од 3.4 %, соопшти денеска Државниот завод за статистика.

Инфлацијата во март годинава во однос на претходниот месец е 0.7 %. Цените на мало, пак, во март 2026 година во споредба со февруарина се зголемеини за 0.9 %.

Во март 2026 година, во однос на февруари 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Транспорт за 3.4 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 3.2 %, Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 0.6 %, Рекреација, спорт и култура за 0.5 %, Услуги за образование, Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.4 %, Облека и обувки за 0.3 %, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива, Информации и комуникации за 0.2 %, Здравствена заштита, Ресторани и услуги за сместување за 0.1 %.

Трошоците на животот во групата Осигурување и финансиски услуги, останале на исто ниво како и во претходниот месец.

Би можело да ве интересира

Инфлацијата во јуни 3.4%, цените повисоки за 3,6 отсто

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Народот едвај преживува, Владата нема одговор на растот на цените

Горан Наумовски

Во 2025 година никнале 911 дивоградби

Катерина Ѓуровски

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4.8 %, а цените на мало за 5.6 %

Горан Наумовски

Инфлацијата во април 5.7 проценти

Катерина Ѓуровски

Народна банка: Годинава инфлација од 4% и раст на БДП од 3,5%