Индексот Дау Џонс прв пат во историјата надмина 15 илјади поени

Од:

Индексот на њујоршката берза Дау Џонс, клучен показател на деловните активности во САД, се зголеми за 87,31 поен (о,58 отсто) и го достигна историскиот максумум од 15.056,20 поени, завршувајќи го прв пат трговскиот ден над психолошката граница од 15 илјади поени.

Индексот Стандард енд Пурс 500, кој ги опфаќа 500-те најголеми компании на американскиот пазар, се зголеми за 8,46 поени (0,52 отсто) на 1.625,96 поени, со што го обнови рекордот.

Индексот на електронската берза Насдак е зголемен за 3,66 поени (0,11 отсто), на вредност од 3.396,63 поени.

Растот на главните индекси на њујоршката берза беше поттикнат од позитивните тримесечни извештаи на американските компании и позитивните вести од Германија и Австралија.

Во целина, според изјавите на експертите, околу 70 отсто од американските корпорации пријавија нешто подобри резултати од очекуваните.

Би можело да ве интересира

Голем пад на Волстрит

Царинската војна збриша 5.000 милијарди долари за два дена

Стриминг платформата GLEY ќе бара инвеститори преку Берза

Катерина Ѓуровски

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Клинички центар купува државна струја по берзански цени: ЕСМ Продажба единствен понудувач

A1on

Пад на светските берзи во првата недела од 2024 година

А1он