Индексот „Дау Џонс“ достигна нов историски максимум

Од:

Индексот на Њујоршата берза „Дау Џонс“ синоќа на крајот на берзанското тргување достигна ниво од 14.450,06 индексни поени, што претставува негова највисока вредност во историјата.

Оваа вредност на „Дау Џонс“ е за 2,77 индексни поени, односно за 0,02 отсто, повисока од неговото ниво на крајот на тргувањето во понеделникот.

Во исто време, индексот „Стандард и Пурс“ се намали за 3,47 индексни поени на 1.552,48 поени, што претставува негов дневен пад од 0,24 проценти. Ова ниво е за еден отсто повисоко од историскиот минимум на индексот „Стандард и Пурс“ остварен во 2007 година.

Пад забележа и индексот на електронското тргување НАСДАК, кој се намали за 0,32 отсто, оносно 10,55 индексни поени на 3,242,32 поени.

Би можело да ве интересира

Голем пад на Волстрит

Царинската војна збриша 5.000 милијарди долари за два дена

Стриминг платформата GLEY ќе бара инвеститори преку Берза

Катерина Ѓуровски

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Клинички центар купува државна струја по берзански цени: ЕСМ Продажба единствен понудувач

A1on

Пад на светските берзи во првата недела од 2024 година

А1он