ИАТА: Загубите на авиокомпаниите оваа година – 84 милијарди долари

Од:

Кризата предизвикана од новиот коронавирус ќе им предизвика на авиокомпаниите рекордна годишна загуба од 84 милијарди долари и ќе биде запаметена 2020 година како „најлоша година во историјата на авијациската индустрија“, соопшти Меѓународното здружение за воздушен сообраќај (ИАТА).

„Финансиски, ќе се сеќаваме на 2020 година како најлоша година во историјата на авијациската индустрија“, рече извршниот директор на ИАТА, Александар де Јуниак.

Сепак, тие очекуваат воздушниот патнички сообраќај да порасне за 55 проценти следната година, од депресивно ниво оваа година, но сепак ќе биде за 29 проценти под нивото од 2019 година.

Во својата ажурирана проценка, здружението предвидува дека авијацискиот сектор ќе продолжи да бележи загуба од најмалку 15,8 милијарди американски долари во 2021 година. Така, вкупните загуби како резултат на кризата поради короната ќе достигнат близу 100 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Избегната голема авионска несреќа аеродромот Џон Кенеди во Њујорк

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Замрзнат дожд падна во Минхен, замрзнати писти на аеродромот, сите летови одложени

Снегот виновник за откажани десетици летови од Амстердам

Русија: Американски бомбардери откриени во близина на границата со Русија

Горан Наумовски

Министерство за одбрана: Италијанските воздухопловни сили ќе учествуваат во патролирање на македонското небо