И ивент индустријата бара да биде вклучена во новиот пакет антикризни мерки

Од:

Точно 11 месеци компаниите кои се занимаваат со организација на настани се соочени со невиден предизвик, каков што не познава модерната меморија, 11 месеци без можност за работа и без остварување приходи, а се уште не се знае кога секторот би почнал со работа. За жал, индустријата за организација на настани не е доволно препознаена од страна на Владата, т.е. не се третира соодветно на состојбата во која се наоѓа, реагира денеска Асоцијацијата на ивент индустријата (ИВАП) и бара нејзино вклучување во петтиот пакет мерки.

Според ИВАП, овој сектор остана невидлив за државата, а мерките што досега ги понуди Владата во претходните пакети за помош се недоволни, ниту соодветни.

Претставници на Асоцијацијата реализирале средба со вицепремиерот Битиќи, но сега очекуваат тоа што било изнесено да се реализира.

-Нашите бизниси се пред колапс. Мерките кои ги понуди Владата во претходните пакети за помош се недоволни и несоодветни за нашиот сектор бидејќи намалувањето на прометот кај нас е и до 100 проценти. Уште на почетокот на кризата предупредувавме дека сме првите што сме затворени и дека ќе бидеме последни што ќе може да работат. За жал, нашето предвидување се оствари, а во земјава навистина нема можност за организирање каков било настан на отворен или затворен простор. Ова секако не нé погодува само нас организаторите, тука уште многу други дејности трпат значителни штети заради ситуацијата. Нашата индустрија е комплексна, составена од повеќе компатибилни дејности кои се поврзани и зависни едни од други. Пандемијата ни покажа дека не сме разбрани како индустрија, ниту сме доволно видливи за државата, наведува ИВАП.

Асоцијацијата додава и дека доколку Владата итно не насочи помош кон оваа индустрија и јасно не ја вброи во една од најзагрозените, таа навистина ќе смета дека е заборавена од сопствената држава.

-Остваривме средба со господинот Битиќи на која му ја презентиравме комплексноста на нашиот сектор и секако состојбата во која се наоѓаме. Задоволни сме од приемот, но сега тоа треба да се претвори и во реална реакција. Иако нашата работа подразбира гласност и многу врева, одлучивме во оваа криза да делуваме одговорно и тивко, со намера да покажеме дека сме конструктивен партнер во борбата против пандемијата. Но, тоа не значи дека треба да бидеме заборавени или игнорирани. Затоа, бараме итно и веднаш да бидеме издвоени како една од најзагрозените дејности од пандемијата, а во претстојниот пакет мерки за помош да бидеме вклучени соодветно на состојбата во која се наоѓаме, стои во соопштението од ИВАП.

Би можело да ве интересира

Владата го утврди текстот на Предлогот на закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани

Антикризни мерки: Учениците ќе добиваат од 1.200 до 1.800 денари месечно, по 3.000 денари за пензионерите со ниски пензии

Орце Костов

Еднократна финансиска помош добиваат ноќните клубови, рестораните за свадби и туристичките агенции

Хрватска: Малите стопанственици ја тужат државата поради епидемиолошките мерки

Жарко Настоски

Костадинов: 10 милиони евра за бескаматни кредити од линијата Ковид 4, поддршката за економијата продолжува

Од задутре кафеаните може да примаат гости и внатре, тоа не важи за дискотеките и клубовите

Жарко Настоски