„Макпетрол“ АД, како општествено одговорна компанија, континуирано презема соодветни мерки за справување со актуелните еколошки проблеми. Овој пат, преку донација на урбано зеленило во хортикултурното уредување на јавна парк површина во град Скопје – Сквер кај Веро и ПП бригада во општина Карпош, „Макпетрол“ АД дава придонес кон подобрување на условите за урбано живеење и заштитата на животната средина.
„За нас во „Макпетрол“ АД одржливиот развој не е прашање на кампањски активности во одреден рок и задоволување на нечии барања и принципи, туку развој на нашата внатрешна култура на преземање активна одговорност за градење на подобар свет од страна на менаџментот и на секој наш вработен.
Таа култура се стремиме да ја шириме и кај надворешните соработници и во пошироката заедница, затоа што одржливиот развој не ништо друго, туку грижа за развој на општеството во целина, за добросостојбата на луѓето и нивните семејства.
Овој пат преку донацијата на урбано зелено во хортикултурното уредување на градот, „Макпетрол“ АД ја потврдува својата определба за одржлив развој и тоа преку заштита на животната средина“.-изјави Горан Ангеловски, директор на дирекција за стандардизација, квалитет и екологија во „Макпетрол“ АД.
Новозасаденото урбано зеленило донирано од страна на „Макпетрол“ АД, овозможува директни еколошки придобивки за градот и населението – намалување на загадувањето на воздухот, намалување на ефектот на „урбаните топлотни острови“, намалување на бучавата, со еден збор подобрување на условите во урбаната средина.
ЗА ПОУБАВ ГРАД – со оваа активност „Макпетрол“ АД, како компанија со високи критериуми за зачувување и унапредување на животна средина, уште еднаш ја демонстрира високата општествена одговорност воедно го потврдува лидерството преку проекти кои се грижат за идните генерации.
ПР текст