„Хом бај Алмак„ отвори салон за мебел во индустриската зона Василево

Од:

Во присуство на голем број претставници од индустријата за мебел од Македонија, градоначалниците на Василево и на Струмица, Ване Стојанов и Зоран Заев, како и пратеникот во македонското Собрание Славе Гошев, денеска компанијата „Хом бај Алмак“ во индустриската зона Василево, го пушти во употеба најголемиот салон за мебел во државава.

Како што истакна раководителот на „Алмак“ Никола Андонов, новиот салон за мебел, постелнина, теписи и расветлување е на површина од 5.500 квадратни метри и е најголем во државата.

– Нашата цел беше да создадеме место каде што потрошувачи од Струмица па и пошироко од регионот на едно место да го уредат својот дом со потребниот мебел. Наша цел беше овој салон да ги исполнува сите стандарди кои владеат во ЕУ, односно на едно место да се понуди најбогат избор за секој потрошувач без разлика на неговата куповна моќ, изјави Андонов.

Градоначалникот Стојанов изрази задовоството што „Алмак” го најде својот интерес  да го овори овој салон во индустриската зона Василево и со тоа  ги оправдува залагањата на локалната власт за забрзан економски развој на оваа рурална општина.

– Горди сме што во нашата индустриска зона имаме салон за мебел  кој е најголем во државата и со својот асортиман и пристапни цени е достапен за сите категории на граѓани, изјави Стојанов.

Покрај сопствениот асортиман на тапациран мебел од „Алмак”, кој се извезува во земјите од регионот и во Швајцарија и Германија, во новоотворениот салон  граѓаните можат да купат производи од кооперантските фирми од Србија, Швајцарија и Германија. 

Би можело да ве интересира

За германските компании бизнис климата во земјава е добра, благ пад на планираните инвестиции

Државата наплатила 62 милиони евра од патарини годинава, за три години приходот е двојно зголемен

Орце Костов

Вицепремиерот Битиќи на средба со странските инвеститори: Системски ја засилуваме предвидливоста на деловното опкружување за нови инвестиции

А1он

До 31 мај компаниите може да аплицираат за склучување на договори за финансиска поддршка на инвестиции

„Јагео” влегува со 205 милиони евра инвестиција и ќе отвори 4 000 работни места

Катерина Ѓуровски

Тајвански „Јагео“ влегува во земјава, најголема гринфилд инвестиција од осамостојувањето

Ана Ололовска