„Хипо банката“ оди на продажба

Од:

Гувернрите на централните банки на земјите од Западен Балкан, сакаат што побрзо да се продаде мрежата на „Хипо Алпе Адрија“ во југоисточна Европа.

Гувррнерот на Националната банка на Авсрија (ОНБ), Евалд Новотни денеска во Виена на конферецијата за европската економска интеграција „Предизвици и ревизии во Европа, изгледите за Централна и Југоисточна Европа“, рече дека уште порано неговите колегите од југоисточна Европа изразиле желба, што побрзо да се продаде „Хипо банка“.

– Не е тајна дека гувернерите на овие држави, дадоа препорака банката што побрзо да се продад“, рече Новотни, додавајќи дека чекањето е поврзано со падот на цената на банката.

Тој изрази жалење што продажбата на мрежата на „Хипо“ на Балканот трае многу долго.

– Брзата продажба е секако позитивна, како за банката, така и за државите каде таа работи, рече Новотни на новинарите на маргините на конфернцијата.

Во 2009 година Австрија беше принудена да ја национализира „Хипо банката“, бидејќи таа беше на работ на колпс, а Европската комисија минатата година нареди Австрија до средината на 2015 година да најде купувачи за балканските филијали, во замена за доделување на државна помош на „Хипо банка“. Останатиот дел од имотот е издвоена како „лоша банка“.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Левица: Приходите на банките од камати изнесуваат 267 милиони евра

А1он

Банкарскиот сектор и натаму е сигурен и стабилен, донесена е одлука за натамошно зајакнување на отпорноста

Орце Костов

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Орце Костов