Гувернерот на БНБ: Мерките во банкарскиот сектор се успешни, но постои загриженост поради здравствената криза

Од:

Првиот човек на Народната банка на Бугарија, Димитар Радев изјави дека банките во државата влегле подготвени во кризата, бидејќи нивното работење во изминатите години било успешно, а тоа се покажало преку квалитетот на активата на банките и „стрес тестовите“ спроведени од БНБ и Европската централна банка (ЕЦБ), пренесува БГНЕС.

„Една од нивните главни цели беше да ги подготват банките за најлошите макроекономски сценарија, кои многумина во тоа време ги сметаа за невозможни. Сега, кога веќе се наоѓаме во таквите сценарија, гледаме дека банките реагираат соодветно и продолжуваат да бидат во добра форма“, рече гувернерот на БНБ.

„Оваа добра подготовка помогна да се донесат дополнителни мерки на почетокот на кризата со цел да се зајакне капиталната позиција и ликвидноста на банките. Мерките вклучија целосна капитализација на сите добивки во секторот, нагло намалување на изложеноста од странство, како и откажување на предвидените дополнителни капитални побарувања поврзани со цикличните ризици. Овој пакет мерки обезбеди дополнителни ресурси во банкарскиот систем во износ од 9,3 милијарди лева“, објасни тој.

Гувернерот Димитар Радев соопшти дека пакетот мерки не бил насочен само кон банките, туку кон целиот банкарски сектор со цел да се  ублажат ефектите од кризата врз бизнисот и населението. Тој рече дека повеќе од 14.000 претпријатија и повеќе од 93.000 домаќинства добиле одложување на плаќањата на кредитите во вкупен износ од над 9 милијарди лева.

Иако гувернерот на БНБ ги оценува преземените чекори во врска со банкарскиот сектор за успешни и навремени, сепак смета дека постои одредена загриженост во однос на тоа што се случува и што ќе се случи во наредните месеци.

„Постои голема несигурност за тоа како ќе се развие здравствената криза и економската, која доаѓа како последица од првата и како ќе се развива политичката состојба во земјата. Од оваа причина, Бугарската народна банка останува конзервативна во своите прогнози за економски раст, со широк спектар на претпоставки. Во моментов работиме на нова, ажурирана проценка на состојбата за оваа година, но и што да очекуваме за следната година “, додаде Радев и најави дека проценката ќе биде објавена во октомври.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит