Грција побара пари во замена за постигнатиот договор

Од:

Грција денеска побара од меѓународните кредитори да и дадат средства во замена за постигнатиот напредок во преговорите, пренесува БТА.

Портпаролот на грчката Влада Гаврил Сакеларидис  посочи дека грчката економија веќе не е ликвидна и оти не може да се пристапи кон ефикасни реформи.

Тридневните преговори во рамките на така наречената Бриселска груопа, составенена од претставници на Грција и нејзините кредитори, се одржуваат во Брисел од четвртокот. Преговорите треба да продолжат денеска.

Сакеларидис посочи дека Атина сака да се постигне целосен договор со кредиторите (Европска унија, Европска централна банка, Меѓународен монетарен фонд) до крајот на мај или јуни.

Европски неименувани дипломати истакнаа дека дискусиите биле „конструктивни“, дури и „охрабрувачки“.

Но важните прашања остануваат нерешени. Тие се однесуваат на трудово право и или висината на пензиите.

– Тие точки претставуваат црвени линии, кои не можат да бидат поминати, предупреди Атина.

Би можело да ве интересира

Мицотакис: Во овие околности меморандумите нема да се ратификуваат во грчкиот Парламент

Маринакис: Другата страна не ги почитува основните работи, односно името на земјата, која не се вика Македонија, туку Северна Македонија

Каселакис: Меморандумите се позитивни за Грција и од геополитички и од економски причини

Сè додека трае оваа ситуација нема да ги ратификуваме меморандумите, повторно порака од Грција

Катерина Ѓуровски

Грчкиот Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија меѓу Скопје и Крф

Катерина Ѓуровски

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до договорот за промена на името

Орце Костов