Грција може да добие преоден кредит од шест милијарди евра, доколку спогодбата не биде одобрена од Еврогрупата

Од:

Грција може да добие 6,04 милијарди евра преоден кредит, доколку министрите за финансии од еврозоната не одобрат нова спасувачка програма за Атина на вонредната седница, планирана за денеска, пишува германскиот весник „Билд“, повикувајќи се на предлозите на Европската комисија подготвени за средбата.

Според предлогот преодното финансирање треба да биде за период од максимум три месеци.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека преодниот кредит ќе значи „враќање на кризата до бескрај“.

Се очекува министрите за финансии на земјите од еврозоната, обединети во Еврогрупата да се сретнат денеска во Брисел, за да ја разгледаат спогодбата, договорена меѓу Атина и кредиторите.

Во грчкиот Парламент се уште продолжуваат дебатите за спогодбата, кои почнаа доцна синоќа.

Грција на 20 август треба да и исплати 3,2 милијарди евра на Европската централна банка.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки