Грција и Русија ќе склучат енергетски договор вреден пет милијарди евра

Од:

Грција во втроник планира да потпише енергетски договор со Русија, а во замена Москва ќе и исплати аванс на Атина во вредност од три до пет милијарди евра во рамки на проектот за изградба на дел од гасоводот „Турски Поток“ низ грчка територија, објави интерент изданието на германскиот магазин „Шпигел“.

– Договорот ќе и овоможи на Грција да се справи со сложената состојба во која западна поради одолговлекувањето на преговорите со ЕУ за реструктуирање на нејзиниот државен долг, изјавил за „Шпигел“ неименуван претставник на грчката владејачка Коалиција на радикланата левица (Сириза).

Според наводите на весникот, средствата што ќе и ги исплати Русија на Грција ќе бидат авансен дел од идните приходи на Грција од транзитот на руски газ низ нејзина територија на патот кон средна Европа.

Грачкиот министер за енергетика Панајотис Лафазанис, која на 30 март во Москва имаше средби со неговиот руски колега Александар Новак и со директорот на „Газпром“, Алексеј Милер, пред три дена соопшти дека за следната недела е предвидено потпшување на договор меѓу Грција и Русија за изградба на гасовод низ грчка територија територијата, со кој „Турски Поток“ ќе се поврзе со средна Европа, потсетува ТАСС.

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Грција воведува шестдневна работна недела