Гравот, кромидот, краставиците и портокалите минатиот месец најмногу поскапеле на зелените пазари, во споредба со истиот месец лани.
Според податоците на Државниот завод за статистика, најголемо намалување на цените е забележано кај црвените домати, лукот, зелката и карфиолот.
На пазарите на големо во септември 2013, во споредба со истиот месец од 2012 година, најмногу поскапеле оризот, кромидот, краставиците и бананите. Најголемо намалување се забележува кај црвените домати, модрите патлиџани, зелката и лубениците.