Од викендов поскапува пивото, до крај на месецот и цигарите

Од:

Од викендов пивото ќе поскапи за 3 до 8 денари во сите малопродажни објекти, додека до крајот на месецот ќе се зголемат цените за кутија цигари од 4 до 10 денари.

Се работи за Родео, Бос, Вест, Класик, 57, Вардар како и други цигари кои се поевтини и се од домашни производители. Според новиот закон за акцизи, кој се изгласа пред 10 дена, а стапи на сила од 13 Јули, акцизата на цигарите ќе се зголемува постепено во следните 10 години.

Министерот за здравство Никола Тодоров, пред четири дена информира за измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита, усвоен од Собранието на Република Македонија. Со овој закон е утврдено да се обезбедуваат пари од акцизите за пиво и алкохол. Односно, акцизата за пивото се зголеми од 3 на 4 денари по литар, а на алкохолните пијалоци од 300 на 340 денари за литар чист алкохол.

– Очекуваме овој износ да се движи меѓу 250 и 300 милони денари годишно и сериозно ќе помогне за подобрување на јавното здравје во Република Македонија, рече Тодоров.

Парите ќе бидат наменети за Министерството за здравство, односно за финансирање на промотивните програми на ресорното министерство.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Производителите на цигари ќе мора да ги сносат трошоците за чистење на улиците од отпушоци

Нов Зеланд усвои единствен закон: Пушењето цигари се укинува

А1он

Коњевиќ тврди дека во Црна Гора се уништуваат само десет отсто од запленетите цигари, а остатокот се шверцува

Значително зголемен бројот на пушачи во Германија во време на пандемијата

Нема извоз на германско пиво за Русија, голем проблем за пиварниците од Баварија

Пиварите од Баварија речиси и не испорачуваат пиво во Русија

А1он