ЛДП: Премиере, народот не сака тркала и барок, туку леб и евтина струја

Од:

ЛДП реагира на најновиот ценовен шок за граѓаните. Велат, изборите завршија, со фалсификат и мамење на граѓаните. Едни се сместија во Владата, други во законодавниот дом, трети по институциите. Во превод, граѓаните т.е. гласачите повеќе не и’ се потребни на власта, барем до наредните избори.

Затоа владејачката структура можеа комотно да го остварат она што не го ни ветија и за што граѓаните не ги гласаа. Отворена е Пандорината кутија со нов ценовен шок за граѓаните.

Либерално Демократската Партија укажува дека само со поскапувањето на струјата од 3,5 % ќе бидат погодени околу 150.000 семејства. За потрошени 300 киловати ќе се плаќаат додатни 600 денари месечно, што е многу за едно просечно македонско семејство.

ЛДП укажува дека годишното производство на струја е намалено, увозот е зголемен, нови енергетски капацитети не се градат, но затоа милионски суми евра се трошат за барокни фасади за зградите на ЕЛЕМ и МЕПСО.

„Поскапеа пченицата и лебот, но поскапеа и мазутот, нафтата, цигарите.

Нашата Влада и нејзините функционери не живеат само од плата па затоа, како што и сами изјавуваат, поскапувањата не ги погодуваат, а и не се заинтересирани за нив.Премиере, дали знаете дека просечната нето плата во Македонија за месец април изнесувала 21.175 денари?

Сигурно не знаете дека според официјалната статистика, на едно просечно македонско семејство му се потребни 32.000 денари месечно за основните животни потреби.А сигурно не знаете ниту како да се пополни дупката од 10.000 денари, доколку работи само еден член од семејството.

Во мај годинава, во однос на истиот период лани, биле потребни 1.500 денари повеќе за да се преживее месецот.Домино ефектот кој што ќе го предизвикаат овие поскапувања, според најавите, ќе не’ торпедира во септември.И сето ова, вообичаено, за да се замае народот, се покрива со некакви си спектакуларни апсења или инвестициски турнеи на премиерот и неговата свита“, стои во соопштението на ЛДП.

ЛДП бара од премиерот на Република Македонија да престане со недомаќинското трошење на народните пари за разни панорамски тркала и Дизниленди, барок и фонтани и инвестирања во други непродуктивни проекти.

„Инсистираме на враќање на дневната ефтина тарифа за струјата, ефтината викенд тарифа и враќање на старите цени на лебот и бензините.Премиере, гладните и осиромашени граѓани бараат од Вас да ги исполните дадените ветувања дека во Македонија ќе расте животниот стандард и дека ќе цвета економијата. Во спротивно, порано или покасно, ќе мора да се соочите со нивниот гнев“, велат од ЛДП.

Би можело да ве интересира

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов

Форум на жени на ЛДП: Најостро го осудуваме навредливиот коментар упатен кон Силјановска Давкова

ЛДП: Недозволиво е вакво апсење на новинарот Салиу

Мишиќ: Од суштинско значење е потребите на младите да бидат пресликани во новите политики

Јакимовски за викенд -акцијата „Здрави навики“: Заедно со граѓаните се грижиме за здравјето и градиме здрави животни навики

ЛДП со иницијатива: Да се воведат лековите со кои се врши медикаментозниот абортус на позитивна листа на лекови