Граничните контроли негативно влијаат на австриската економија

Од:

Зајакнатите контроли на границите на Австрија, воведени поради бегалската криза, скапо ќе ја чинат економијата на земјата, пишуваат денеска виенските медиуми, пренесува Танјуг.

Освен 13,8 милиони евра, колку што ќе чини планираната десетдневна контрола на државните граници од страна на полицијата и војската, ваквата мерка веќе се одразува финансиски и на австриската економија.

Од 13,8 милиони евра предвидени за гранична контрола 2,4 милиони евра се наменети за трошоци на армијата, а 7,7 милиони за трошоци на полицијата.

Поради гужвата се продолжува рокот за испорака на стоките, така најголемиот продавач на возила во земјата „Порше холдинг“ го продолжи рокот за два дена, а БМВ Штајер воведува вонреден начин на работа.

Компаниите за транспорт на стоки поради граничните контроли имаат за 2,5 милиони евра зголемени трошоци.

– Моментално очекуваме просечно три часа чекање на границите во покраината Горна Австрија, Салцбург и Бургенланд, помножено со 50 евра од час за вработени, тоа значи 2,5 милиони евра дневно. Поради тоа би требало да се воведе привремени флексибилни правила за законски одредениот одмор на возачите, како и намалена патарина за десет проценти, нагласи претседателот на синдикатот на транспортните компании Александар Клачка.

Според него, доколку Словенија и Италија се одлучат да воведат гранични контроли, тоа може значително да ги зголеми трошоците за работа.

Би можело да ве интересира

Малолетничка од Црна Гора сакала да изврши напад во Грац

Горан Наумовски

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски